речник контакт

Времето го уништува старите велешки куќи

За некои архитекти Велес е македонската Венеција, по куќите покрај Вардар.Од 72 колку што ги има на списокот, само уште во 15-тина живеат семејства, останатото е само камен и прав

Петар Печков

Од куќата на Шоптрајанови ќе остане само видео записот од спотот на Калиопи и Засил Зафирчев. Таа е на прагот на рушење, а е една од затштиените велешки куќу според ахритектонското значење. Поставена со поглед кон Вардар, но и стриот дел на градот таа е типичен преставник на староградската архитектура. Бисерите на старата велешка архитектура се ронат а се помал е бројот на тие што можат да се сочуваат.

Од 72 колку што ги имало на списокот во 80-тите години, само уште  во 15-тина живеат семејства и се употребливи, останатото е претворено во камен и прав, разрушено.Сопствениците вината за ова на препуштаат на државата. Една од теи која сеуште  може да се обнови, за која не е доцна е куќата на Аликра.

Толку години се обидувавме како семејство да добиеме дозвола да ја обновиме. Куаќта е стара, почна да пропаѓа, но секогаш добивавме ист одговор не може ништо да  се преземе, заштиена е со Закон. И така дојде до оваа ситуација да биде на прагот на пропаѓање – вели нејзиниот сопственик.

Таа е близу до местото викано Варналите. Таму има повеќе куќи кои однадвор имаат одлична фасада, но внатре состојбата е мошне лоша. Така што прашање е кога некоја и ќе падне. Повеќето заштитени куќи се     напуштени, со искршени рпозори, испукани ѕидови и паднат малетер. Бледа слика  на некогашниот сјај и раскош со кој се гордееле нивните тогашни сопственици.

Велес со својата трговска и економска моќ, уште во 19 век можел преку богатите трговци да гради убави куќи. За жал ако не се стори нешто, бргу ќе исчезнат и тие малку што се останати  - вели велешки архитект.

На главнта градска  улциа највпечатиливи  се куќите на стартие велешки трговси Шукареви и Ѓоргови. Тие се добро сочувани а надворешноста е со сите белези на времето кгоа се градени, на почетокот од 20-тиот век. На нив се познаваат елементите кои се вградени од фабриката за уркасна керамика на Левкови, истите украси кои тие ги продавале по Виена, Дрезден, Будимпешта. Така и сега по толку години овие куќи се атрактивни за посетителтие во градот.  Пред две години изгоре во пожар  прекрасната куќа на Габерови, изградена во месноста Дворови, своевремено турска куќа на бег. Со неа  изгореа и прекрасните розети, таваници, долапи, миндерлак и под од рачна, изработка од пред век и повеќе. Непроценлива штета, која не може ништо да ја врати.

Жално е да се видат овие куќи, во кавка состојба се. Градот или државата мора нешто да сторат за идните генерации. Овие куќи се гордост на Велес, исто  како Саатот, Железен мост. Повеќе години куќите се напуштении никој не се грижи за нив, не се интересни дури и за бездомниците оти се опасни по живот – велат соседите.

Стрмните сокаци водат до домовите, и тие веднаш влегуваат во поглед бидејќи се  еркерно исфрлени, првиот кат е на поширока основа од приземјето.  што е карактеристично за велешката архитектура. Така се освојувал просторот, за да има место каде низ  тесните уличиња да минат велешани. Посебно се впечатиливи малкуте куќи кои остнаа покрај реката Варадар.

Секое доаќање во Велес, доаѓам да ги видам куќите покрај реката. Тие како да изникнуваат од водата. За некои архитекти ова е слика која ги потсетува на Венеција и за нив Велес е македонската Венеција. Би било добро тие малкуте што останале да се обноват -  вели проф. др. Донка Барџиева Трајкоска.

Од општината најавуваат дека  градежното земјиште  околу Вардар планираат  да го продаваат, но во дилема се како да ги обврзат новите газди да градат во стар стил. Во 2000-та општина откупи две куќи на Касапови и на Џинот, и успеа  да ги реновира и создаде спомен куќи, каде се одржуваат културни манифестации, да ги оживее. Тие се во старото градско јадро, близу до куќите на Васил Главинов и Кочо Рацин. Министерката за култура при неодманешатна посета на Велес најави дека во наредната година неколку куќи со стара архитектура, државата ќе ги откупи.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »