речник контакт

Вториот велешки пливачки маратон викендов

Сабота пливаат рекреативците, недела професионалците

Петар Печков

Викендов на  22 и 23 август ќе се одржи 2-риот „ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН”  кој ќе се плива  на Езеро Младост.

В сабота ќе пливаат рекреативците, додека в недела професионалците, членови на пливачки клубови.За првиот ден се пријавени 30-тина учесници, додека за вториот 20-тина.  

Пливањето е во круг по претходно одбележана патека. Еден круг изнесува 2,5 километри. Има три категории: 2,5 километри, 5 километри и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција.  

Почетокот на маратонот за рекреативците е од 10 часот и ќе пливаат 2,5 км додека за професионалците стартот е во 11 ч.  Стартот е од пред мотелот ,,На велешко езеро,,.

Организатор е Здружението за спорт и рекреација Клуб 28, а финансиски помогнато од Општина Велес.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »