речник контакт

Вториот ден на летната крводарителска акција собрани 77 крвни единици, за два дена вкупно 141

Со овие собрани крвни единици, натфрлен годишниот план на ОО на Црвен крст Велес од 1.861 кривни единици

Петар Печков

Вториот ден од големата летна крводарителска акција собрани се 77 крвни единици. Од нив 52 биле од мажи, 25 од жени, додека четири лица, исто како и вчера се први дарители. Или вкупно за да дена во оваа крводарителска акција собрани се 141 крвна единица, од 107 мажи, 34 жени и осум лица кои за прв пат дарувале крв.

Со овие собрани крвни единици натфрлен е годишниот план на ОО на Црвен крст Велес кој изнесува 1.861. Само за потсетување до крајот на јули велешките крводарители имаа дарувано 1.794 крви единици.

На средината на месец август исполнивме планот за крводарување, во услови на ковид-19 заразата. Голема благодарност на крводарителите кои дојдоа и даруваа oд драгоцената течност  - изјави Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст за Велес, кој беше организатор на акцијата, заедно со  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје

За потсетување лани во оваа летна крводарителска акција беа собрани 161 крвна единица а во 2018-та 121.

Акцијата која беше 27-ма по ред, се изведе во Ликовниот салон во Велес. Следната крводарителска акција е закажана за 21-ви август, во Чашка, по повод Денот на Општина Чашка.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »