Петар Печков
Објавено: недела, 19 јуни 2016
Вторник 21 јуни во 43 минути по полноќ, на северната полутопка започнува летото. Тоа ќе биде и најдолгиот ден во годината. Во Велес сонцето ќе изгрее во 4.58 ч. а ќе зајде во 20.11ч. така денот ќе трае 15 часа и 13 минути а ноќта 8ч и 46 мин.
Од средата (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2016 година.
Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 16 часот и 21 минута (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.
Од вторник на јужната полутопка, Австралија, Нов Зеланд ќе стигне зимата.
Tweet |