речник контакт

Второ авионско прскање против комарци в петок

Ќе се прска во периодот од 5 до 6,30 ч.

Петар Печков

Второто авионско третирање против комарци ќесе  изврши  петок на 6-ти  јули  во периодот од 500 до 630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 07 јули (сабота) 2018 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Ќерамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »