речник контакт

Вчера, среда велешани дишеа многу загаден воздух со ПМ 10 честички

Измерени се без малку три пати повисоки вредности на ПМ 10 во воздухот од максимално дозволените вредности

Петар Печков

 Мерните инструменти на Министерството за животна средина, покажаа дека вчера, среда воздухот во Велес бил високо загаден со ПМ 10 честички. Така според измерени вредности на 23-ти јануари,  дневните вредности биле за без малку три пати  повисока од максимално дозволените. Или  просечната вредност била скоро 150 мг на м3 а граничната вредност е 50 мг на м3.

Според часовните мерења, згадувањето е регистрирано во попладневните и вечерни часови. Затоа пак не се регистрирани високи вредности на чад и сулфурдвеоксид, но тие имале пикови во  попладневните часови. ПМ 10 честичките.  Откако почна со работа оваа мерна станица од 17-ти декември, вчерашната вредност е највисоко измерена на присуство на  ПМ 10 честички во воздухот во Велес.  

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот.

На прашањето зошто вакви мали честички не мери мерната станица во Велес,  како што е случај  со други градови, заменикот министер Јани Макрадули најави дека со следното валоризирање на мерната станица ќе се постави мерење и за него. На Запад се мери и присуство на ПМ 1 честички во воздухот. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »