речник контакт

В недела вечер со хит претставата ,,Ноќите во бел сатен,, почнува новата театарска сезона во Велес

По пауза од четири месеци, актерите повторно на сцената а со нив и претставите Ноќите во бел сатен и Шашардисани времиња

Петар Печков

,,Ноќите во бел сатен,,, работена по текст на Братислав Димитров а во режија на Ненад Витанов  в недела  вечер  во  20 часот  ќе започне новата сезона  во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот. Ова хит претстава која имаше голема посетеност и популарност, повеќе од  седум месеци не беше на репертоарот, поради повредата на актерот Васил Зафирчев.

Така со неа се отвора новата сезона и велешкиот театар гостува в среда во Куманово на театарскиот фестивал ,,Денови на комедијата,, .  Следната претстава која е закажана е комедијата ,,Бетија,, в четврток.  На 15-ти и 17-ти се  повторно Ноќите во бел сатен а Шашардисани времиња, која исто така седум месеци ја немаше на репертоарот, поради повредата на Зафирчев, е на 16-ти септемвир. Сите почнуваат во 20 часот а цената и натаму е 50 денари. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »