речник контакт

В среда Дневник на средба со читателите

Дневник ги поканува заинтересираните читатели кои имаат прашања или сакаат да дадат предлог или совет, да повелат на средбите со уредништвото која е закажана за в среда со почеток во 18,30 до 19,30 во салата на Општина Велес.

Петар Печков

 Како весник произлезен од потребата на независната граѓанска јавност за свој хроничар и дневник и како весник што 14 години ги застапува интересите на граѓанинот, „Дневник“ реши да ја посвети 15-тата година од постоењето за развивање нов граѓански концепт со кој страниците уште повеќе ќе се отворат за читателите. Освен удвојување на просторот за писма и веб - коментари и новите рубрики за контакт со публиката, концептот ќе содржи и директно вклучување на читателите во креирањето на весникот.

Затоа  Дневник организира средби со читателите во повеќе градови во земјава, ќе отвориме регионални страници за повеќе простор за темите од сите краишта на Македонија, а ќе формираме и читателски клуб преку кој нашите најверни читатели ќе може со предлози, идеи и желби да учествуваат во работата на весникот.

 Дневник ги поканува заинтересираните читатели кои имаат прашања или сакаат да дадат предлог или совет, да повелат на средбите со уредништвото. Во Велес  средба со граѓаните  е в среда  во терминот 18.30-19.30 часот во просториите на општината.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »