речник контакт

В среда забава со Нокаут, за хуманитарни цели

На концертот ќе настапат и велешки изведувачи и ди -џеи а влезницата е само 50 денари.,,ПРОСЛАВИ ГИ ЉУБОВТА И ВИНОТО, БИДИ ХУМАН, ЗАБАВУВАЈ СЕ И ПОМОГНИ,,

Петар Печков

,,Сакај да бидеш сакан,, е насловот на хуманитарната забава која ќе се одржи в среда 13-ти февруари во дискотеката Даун таун. Специјални гости на вечерта се Нокаут а настапуваат и Даре, ДИ Џеј Мастер Хип, Ди Џеј Флеш, Петре Штерјов. Влезницата чини 50 денари а почетокот е закажан за 21 часот.

Мотото на забавата е ,,ПРОСЛАВИ ГИ ЉУБОВТА И ВИНОТО, БИДИ ХУМАН, ЗАБАВУВАЈ СЕ И ПОМОГНИ,, Собраните средства се наменети за спортска игрална на децата од велешките градинки и за децата заболени од церебрална парализа.

Организатори на забавата се : НВО "46664"- Велес, Здружение на лица со церебрална парализа –Велес, Здружение за рекреација, спорт и анимација "Штурчиња"- Скопје, ОЈУДГ "Димче Мирчев" Велес

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »