речник контакт

ГРК Борец ќе ги одигра двата натпревари до крајот на сезоната, ветераните не го даваат клубот

Ветераните на РК Борец одлучија да помогнат клубот да ја заврши сезоната а од следната локалната власт да избере нов УО и со предвидените 1,5 милиони денари да ги продолжи натпреварите

Петар Печков

Ветераните на РК Борец се обидуваат да се надмине лошата состојба во клубот и најдоа начин да се одиграат двата натпревари до есенскиот дел на полусезоната, во Супер лигата. Ова откако претходно УО на ГРК Борец поради немање на средства реши  да се откаже. 11 кола велешани играа со младинска екипа и бележеа порази.  Попладнево се сретнаа и се договорија да помогнат клубот до крајот на годината за го заврши натпредувањето а потоа локалната власт да  најде нов Управен одбор.

Двата натпревари неодиграниот со РК  Охрид во Охрид и со Пелистер дома, ќе се одиграат со младинска екипа. Нема да дозволиме клубот да биде казнет со три години настапување и префрлање во најнизок ранг натпревари. Останува само дилемата како ќе бидат наградени младите ракометари кој ги бранеа есенва  боите на ГРК Борец - велат од Ветераните на РК Борец.

Од Општина Велес  по најавите за откажување на натпреварите на ГРК Борец изјавија дека сите 1,5 милиони денари средства за работа на клубот, предвидени со Буџетот за  оваа година се исплатени пред време, пред декември.  Жалат што наместо за младите ракометари заминуваат за тужби. Затоа се подготвени со дополнителни средства да се реши проблемот со тужбите, поточно спогодбено да се решат тие спорови.

АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »