речник контакт

Гаражите на Дервен во Тунел плански се избришаа, таму ќе се гради зграда

Гаражите ќе се постават во дворот на касарната

Петар Печков

 Со промената на ГУП на населба Тунел, се избришаа гаражите на ЈКП Дервен од планот на градот, кои со години беа таму и на нивно место ќе се градат згради. Ова е одлука која ја донесоа советниците на Општина Велес, на последната седница.

На местото од гаражите на ЈКП Дервен ќе се градат згради, најголемиот дел социјални.  За сметка на тоа нова локација за гаражите е во кругот на касарната Алексо Демниевски Бауман и тоа по должината на Раштански пат - изјави Зоран Мецанов раководител на Оддлението за урбанизам.

 Оваа идеја подолго време се заговараше во градот и сега започна нејзината реализација.Прво со промена на ГУП. 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »