речник контакт

Гевгеличанец сторил разбојништво, велешки суд му даде домашен притвор

Со закана по живот со нож на продавачка и одзел 700 евра

Петар Печков

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Велес, поднело кривична пријава против Д.П.  (41) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело  „разбојништво“.

На 22.03.2018 година околу 23.55 часот, Д.П. со закана со нож извршил разбојништво во продавница во Гевгелија. Додека вработената била на каса, Д.П. влегол маскиран и со нож и се заканил да ги даде парите. Таа се исплашила, ја отворила касата и му дала 43.745 денариод дневниот пазар, по што Д.П. побегнал. Набргу по пријавување на настанот, од страна полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија Д.П. бил пронајден и лишен од слобода - стои во инфорамцијата на МВР.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Велес, на пријавениот му е одредена мерка  куќен притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »