речник контакт

Гемиџиите допловија до Гевгелија (фото)

По 18-ти пат се одржа Вардарската регата на која имаше 120 учесници на 14 пловила

Петар Печков

По четири дена  пловење, учесниците на 18-те Вардарска регата  стигнаа до Гевгелија. Нивната цел  беше остварена, на задоволство на  популарните ,,Гемиџии,, како што се нарекуваат учесниците.  120 км. беа пловени во жешкото јулско сонце и нискиот водостој на реката Вардар.  

Минавме  прекрасно, имавме одлични услови, се беше како што може да се посака. Мирно време, без ветер, водостојот беше понизок, но не преставуваше проблем, знаеме и за поголема вода но и помала. Осум до десет часа сме на Вардар, тоа исцрпува, згора на тоа мора да се весла. Атракција е секако третиот ден, почетокот на клисурата кај Демир капија, патеката е адреналинска, возбудлива, има многу препреки и треба да се биде претпазлив. Годинава имавме многу падната дрвја како препреки, поради високиот водостој претходно, но минавме без повредени и без  инцидент, на манифестација  на која учествуваат стотина луѓе       –изјави Владо  Стојановски кој  е учесник на сите 18 обновени  регати, но и тие одржани претходно.  

Годинава на регатата имаше гости од Шабац –Србија  и Биело Поље Црна Гора. На неа  учествуваат и припадници на  Македонската Армија и Полицијата. За прв пат имаше и четири девојки, членки на ИО ,,Димитар Влахов,, од Велес.  Сите тие се задоволни од учеството. 

Како за прв пат минавме супер, добив и еден плускавец, ама тоа не создаде проблем да ја извеслам целата патека. И догодина доаѓам сигурно – рече Ангела Чејкова. Последната етапа од регатата ја мина и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев. 

Годинава допловивме порано од предвиденото, имавме добар  поволен ветер во грб.  Најбитно е што сите  здрави и живи стигнаа на целта, и покрај превртените  и дупнати  чамци во текот на патувањето. Очекувам дека една  година  ќе  ја минеме и границата со Грција   -рече Чадиев.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »