речник контакт

Гемиџиите тргнаа по Вардар

Стотина гемиџии тргнаа да пловат по Вардар во должина од 140 км, од Велес до Гевгелија. Тие четири дена ќе ја освојуваат реката, по стапките на велешките трговци од 19-тиот век кои со сплавови ја носеле стоката за Солун.

Петар Печков

Стотина гемиџии тргнаа  да пловат по Вардар во должина од 140 км, од Велес до Гевгелија. Тие четири дена  ќе ја освојуваат реката, по стапките на велешките трговци  од 19-тиот век кои со сплавови ја носеле стоката за Солун.  Традиционалната 13-та Вардарска регата стартуваше од под Мало мовче, како и пред два века, местото од каде тргнувале гемиите со кои се носела стоката, тутунот, вино, афионот, житото. Годинава регатата  одбележува два јубилеи 20 години на АРМ и 30 години од нејзиното постоење.

Тргнуваме со добра мисла и желба, по патеката на нашите предци, во аманет и на Солунските атентатори.  Очекувам дека еден ден кога ќе влеземе во ЕУ со гемии ќе допловиме и до Солун. Возобновувањето на минатото и создавање на единствен бренд на Велес преку најсветлата револуционерна традиција за нашиот  град, тоа е  пловењето на Вардарската регата. На овој начин  оддаваме  признание на сите оние кои ги положија своите животи кои што не се штеделе и се арчеле за Македонија  – рече Горан Петров градоначалник на Велес.

Во текот на четирите дена пловење, учесниците ќе кампуваат на воениот полигон во Криволак, во Демир Капија и во Марвинци. Годинава за прв пат има и странци, тоа се татко и син Стојановиќ од Ниш Србија. Учесниците пловат во осум големи чамци, во, придружба на кајакарски пловила. Таа е помогната од АРМ, општина  Велес и сите локални власти по течението на реката Вардар. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »