Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јуни 2016
120 учесници на Вардарската регата утрово заполовија од Велес, по реката Вардар кон Гевгелија. Од Мало Мовче популарните ,,Гемиџии,, четири дена ќе пловат до Гевгелија. 120-те километри ќе ги минат во четири етапи, со ноќевања на Криволак, Демир Капија и Марвинци.
Учесниците пловат во 14 чамци а годинава има и гости од Савската регата од Шабац Србија и Биело Поље Црна Гора. На овој начин велешани ја одржуваат традицијата на нивните трговци, кои во 19-тиот век, преку Вардар на гемии ја пренесувале робата до Солун.
Добивме дозвола од Капетанијата од Охрид, сите пловила се проверени и се во исправна состојба, така што сметаме дека безбедносната состојба е во ред. Нивото на реката е задоволително и недела попладне треба да стигнеме до Гевгелија – рече Ангелче Гушев дел од организациониот одбор на манифестацијата.
На неа учествуваат и припадници на Армијата и Полицијата. Ова е 18-та регата откако таа плови и седма по возобновувањето.
Tweet |