речник контакт

Германска фабрика за дизел гориво во близина на Велес

Германски инвеститор сака да гради фабрика за преработка на отпадот, но прво ќе ги едуцира велешани дека таа не е штетна по околината. Инвестицијата на фирмата ,,ГРАД,, е вредна 12 милиони евра, ќе вработува 50 велешани

Петар Печков

 Германски инвеститор сака да гради фабрика за преработка на отпадот, но прво ќе ги едуцира велешани дека таа не е штетна по околината.  Инвестицијата на фирмата ,,ГРАД,,  е вредна 12 милиони евра, ќе вработува 50 велешани а во затворен систем ќе го преработува согореното моторно масло и  био-разградливиот отпад во  дизел М 590, во кој нема присуство на сулфур.

Нашиот процес на производство нема никаква емисија на издувни гасови, нема потреба од река за рецепиент на отпадни води. Станува збор за производство од затворен тип, без инсталација на оџак, нема технолошка вода. Во производниот процес за добивање дизел гориво, инсталацијата нуди можност за преработка на цврстиот  и биолошкиот отпад и отпадни масла од индустријата. Таа технологија е унапредувана 25 години и патентирана од Сименс. Таа најде примена во Германија, Шпанија, Канада и дава одлични резултати – вели Мено Милер  сопственик на компанијата Г.Р.А.Д.  

На  согореното  моторно масло за негово разградување   му требат илјадници години, додека со ова производство тоа за еден ден ќе биде преработено во корисен продукт.   Тие уверуваат дека со користењето исклучиво на отпадни материи влијаат на намалувањето на загадувањето на почвата и  отстранувањето на штетните влијанија  од нив. Посочуваат дека во  нивна близина се наоѓа складот на Макпетрол но и други фирми, кои се поголема потенцијална опасност по околината, отколку  инсталацијата на Г.Р.А.Д. Поради осетливоста на велешани кон згадувањето, компанијата преку разни форми се доближува до граѓаните, уверувајќи ги  тие не се загадувачи.

Нашата технологија се нарекува ,,зелена,, и ние во нашиот производен процес ги рециклираме отпадните материи во корисни. За нашата работа и цел, граѓаните на Велес ќе ги запознаваме преку отворана инфо канцеларија, каде што ќе даваме одговор за се што ги интересира. Остваривме средби со жителите на Превалец и Горно Оризари,  населени места кои се во непосредна близина и успеавме да  ја разбиеме нивната претстава дека ние нешто ќе згадуваме – вели Антон Корчак член на раководството на компанијата.

Моментално проектот се наоѓа во завршна фаза, го чекаат документот од Министерството за земјоделие за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Фабриката ќе биде лоцирана во близина на некогашна Свилара, непосредно до регионалниот пат Велес – Чашка. Инвеститорот дознал за Македонија како држава привлечна  за работа, кога владин тим престојувал лани есента во Германија, по што компанијата Г.Р.А.Д.  се решила таква инсталација да започне да гради во близната на Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »