речник контакт

Гест за внимание, стечајците за сиромашните деца

Иако се борат за своите социјални права, стечајците од Велес донираа илјада денари за децата основци од социјално ранливи семејства

Петар Печков

Илјада денари завршија во касичката за децата  од социјално згрозената категорија, како донација од  здружението на стечајните вработени и технолошкиот вишок СТРАВ од Велес. Нивниот претставник на изненадување на сите присутни извади илјадарка, која едвај влезе  во ,,прасенцето,, бидејќи процепот не беше доволно голем.

Очигледно дека касичката била планирана за помали вредносни банкноти, штом не сака да ја прими илјадарка.  Но ако, ние ова со љубов го даруваме за  подобра иднина на најмладите да немаат како нас тешка, неизвесна и сурова сегашност – изјави Томо Крстиќ претседател на здружението СТРАВ.  Ова се случи  вчеравечер на завршницата од  филантропска акција ,,365 дена по денар,, со која за децата основци, од социјално загрозените семејства се обезбедуваше храна, училишен прибор и облека,  организирана од фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,,од Велес а помогната од УСАИД.

Тие се задоволни бидејќи со донации од повеќе компании биле собрани двојно повеќе средства од планираните. Така скопската фирма ,,Кенди,, донирала производи во вредност од 450 илјади денари, Жито Вардар секој месец  50 основци обезбедувал со храна секој училишен ден, помогнала и Комерцијална Банка.

Посебно беа  истакнати  двата примери на само организирање, на гимназијалците од Велес, кој преку хуманитарен концерт обезбедиле специјална  анатомска фотелја за учениците од ОУ Маца Овчарова за деца со посебни потреби и членовите на мото клубот ,,Мото спид ист,, кои за нова година облечени во Дедо мраз  на мотори поделија по домовите на стотина велешанчиња, социјално згрозени, новогодишни пакетчиња.

Со акцијата ,,365 дена по денар,, која започна во септември и продолжува натаму,  помош добија повеќе стотина ученици од основните училишта од општините  Велес, Градско, Чашка и Лозово.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »