речник контакт

Ги заборавивме ,,мартинките,,

Мартинките се симбол на пролетта, љубовта, плодноста и доброто здравје.

Петар Печков

Мартинките се подаруваат во чест на Баба Марта и се носат закачени на облека се додека расцвета првото дрво или додека не ја видите првата ластовичка или штрк. Потоа се закачува на дрво или се остава под камен со желби за здравје за себе и за своите најблиски. Мартинките  се симбол на пролетта, љубовта, плодноста и доброто здравје.

Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на алка. Црвената боја ја симболизира бојата на крвта, а белата на чистотата. Со конец се изработуваат разновидни фугури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче. Се вели дека подарената мартинка е знак за топло пријателство и среќа.

 Оваа древна традиција во нашите краишта била присутна уште од дамнешни времиња, но со текот на времето се растопила и полека исчезнува во маглата на минатото.  Мартинките се висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје во Бугарија, Романија, Македонија, Грцијаи Србија. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои - бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на "Баба Марта".

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »