речник контакт

Ги преживеа ли палмите -20 степени во Велес

ЈКП Дервен вели се` уште е рано за проценка. Затоа пак во градот се засадуваат 380 садници зимзелени дрвја

Петар Печков

Длабоко минусните температури  зимава кои се спуштија до 20 под нулата,  евидентно ги оштетија 47-та палми кои пред две години беа засадени во Велес.   Листовите од овие скапо набавени дрвја, покажуваат дека се исушени, а каква е состојбата на дрвјата во ЈКП Дервен дополнително ќе информираат. 

Деновиве се врши кроење на лисната маса на 47-те палми што беа засадени во Велес. Евидентно е дека како последица на екстремно ниските температури зимава лисјата на палмите се оштетени но сеуште не може да се процени дали и колкаво оштетување има на стеблата и корените – одговорија од ЈКП Дервен на прашањето на ТрМр.  

ЈП Македонски шуми кои ги набави палмите, ги задолжи локалните власти и локалните комунални претпријатија д се грижат за овие дрвја.    За овој период имаше четири обиди за потпалување на исто толку стебла во Младински парк, строителите полицијата ги пронајде и им пушти   прекршочни пријави.  Овие потпалувања  на палмите  кај јавноста  беа пречекани со жестоки реакции.  

Со доаѓањето на пролетта започна пролетното засадување на нови садници дрва  во Велес. Изминатите денови ЈКП Дервен на улица Индустриска, кај Касарната, Брако и маркетот Туш, се засадени 38 зимзелени дрвца од видот „смарагдна туја“. Истовремено се инсталирал  и систем за наводнување. Планирано е да се засадат  вкупно 380 садници дрвја, на повеќе локации во градот. 

Целта на засадувањето  на ново зеленило е да се влијае врз квалитетот на амбиенталниот воздух. Дрвата се природни прочистувачи на воздухот и имаат заштитна функција во однос на прашината и бучавата – велат од ЈКП Дервен. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »