речник контакт

Гласот на животните доби донација од Германија (фото)

Донацијата е состои од храна, лекарства и куќарки за кучиња, вредна околу три илјади евра

Петар Печков

Здружението за заштита на животните ,,Гласот на  животните,, од Велес, деновиве доби вредна донација. Таа се состои од храна, лекарства и куќарки за куќињата. Вредна е околу три илјади евра. Донацијата е од неколку Македонци, кои живеат во Германија. 

Овие неколку дена живееме како во сон! Како од небо да паднаа прекрасни луѓе кои ни го разубавеа животот. Тешко ни е да поверуваме дека ни се случува вакво нешто . Нашите животинки добија еден куп работи кои им беа потребни. Ви благодариме од дното на душата за оваа огромна помош. Вие заедно со луѓето кои ви донираат сте прекрасни и екстремно хумани луѓе. Ви благодариме што ни помогнавте да им помогнеме на бездомните животни и се радуваме на нашата понатамошна соработка - велат од Здружението. Од таму потсетвуваат деке и натаму најнеопходни им се средства, заради вакцинација на напуштените животни, кои се на улица. 

 Тоа за три и пол    годишното постоење  има вдомено 1.200  животни, што кучиња или мачиња, од кои 600 болни, спасени од улица.  13 кучиња се вдомени во  Италија, Бугарија, САД , Англија, Франција и три се подготвуваат деновиве за Холандија.  

 сметка -

ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ

ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436

ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје

Донирајте по ваша желба !!

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »