речник контакт

Глутници кучиња по улиците а децата од понеделник тргнуваат на училиште

Оваа седмица има реакции од граѓаните за бројни напади од кучињата скитници

Петар Печков

На различни локации во Велес има глутници  на кучиња скитници, кои се опасност по граѓаните. За овие пет дена велешани по медиумите пријавија повеќе напади, кои за среќа се без каснување. Во Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом нема регистрирано пациент кој  дошол да бара лекарска помош поради каснување од куче. Но тоа не ја намалува опасната состојба по улиците, пред се во централното градско подрачје, каде ги има во голем број. Граѓаните бараат реакција од надлежните локалната власт и ветеринарната станица, оти тоа во моментов е голем градски проблем.

Треба да се застане на пат на  навалицата на кучиња скитници. Оваа слика, посебно во утринските часови е лоша. Страв да му е на човек да пројде. Згора на тоа од понеделник децата тргнуваат на училиште, Мора нешто да се преземе итно, оти и ако еден биде каснат ќе биде доцна а одговорноста ќе ја сносат надлежните – велат велешани

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »