речник контакт

Годинава без театарскиот фестивал ,,Импакт ,,

Фестивалот кој нудеше алтернативни театарски претстави не бил поддржан ниту од државата ниту од градот, па е откажан

Петар Печков

Оваа есен театарскиот  фестивал ,,Импакт,,  нема да се одржи. Ова го најави неговиот директор, режисерот Александар Ивановски. Фестивалот на алтернативниот театар, кој досега се одржа шест пати, годинава нема да им понуди нови атрактивни претстави на  велешани.  Причината според директорот е недостаток  на  финансиска поддршка и  од државата и  до градот.  

Годинава нема да го има фестивалот, сигурно паузираме. Неодржливо е за меѓународен фестивал  да  не добива упорно поддршка  од Министерството   за култура и од локалната власт. Државата не игнорира сите години, додека општината последните четири од шест колку се одржа. Овој  фестивал, не само на естетски, туку и на економски план инвестираше во градот. Сите  средства што се користеа за него, се трошеа во Велес.   А тоа беа странски пари, од странски донации,  од програмите  на ЕУ -  изјави  Ивановски. 

Тој најави дека организацијата на фестивалот, во наредниот период  ќе се преиспита и  дали  може натаму да  се  одвива фестивалот,  да се одржува во наредните години, во кој правец да оди или да замре.

Деновиве токму претстава на  ,,Импакт,, работена со велешки театар,  ,,Шумата на моето дрво,, дуо перформанс на актерот  Васил Зафирчев со музика во живо на Сашко  Костов а во режија  на  Ивановски, гостува во Сеул, на фестивалот ,,Бомб,,. Ова е прво претставување на македонски актери   во Јужна  Кореја.

Во 2015-та  на ,,Импакт,, се преставија и четири костимирани проекти  од  Квадриналето од Прага.  Перформансот ,,Некои,, на Бугарката Лили Џагарова  вознемири дел   жителите на Велес.  Пет девојки облечени во црна облека, со неразбирливо напишани пораки  и знамињата, со заштитни маски   прошетаа низ градот. Наспроти пораката на авторката, револт против молчењето на луѓето, дел од велешани  беа вознемирени од  појавата па ги пријавија во полиција.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »