речник контакт

Годинава во Велес има места за 240 бруцоши наспроти ланските 420

Овие студени ќе бидат запишани на три факултети

Петар Печков

Осетно се намалува бројот на бруцоши на факултетите во Велес. Ако во 2012 година имаше 710 слободни места, лани 420, годинава бројка стигна до 240.

Диспензирани студии по сметководство  и ревизија на Економскиот Факултет Скопје при  УКИМ, кои  настава  одржуваат   во Велес во попладневните часови во Економското училиште  ќе запише вкупно 80.  Редовни 40 со 100 евра надоместок,  20 редовни со кофинансирање за  100 евра,  20 вонредни  со плаќање на 400 евра.


 Од Битолскиот Универзитет Св. Климент  во Велес ќе има упис на  два факултети.

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС  насока  Нутриционизам – Велес запишува 70 студенти.  Редовни 40 со 200 евра надоместок,  20 редовни со кофинансирање од  400 евра, 10 вонредни со плаќање на  400 евра.

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА Информатика и компјутерска техника –Велес запишува 90 студенти  50 редовни со 100евра надоместок, 20 редовни со кофинансирање од  100 евра, 20 вонредни  со плаќање на 400 евра.

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО –ОХРИД со дисперзирани студии во Велес годинава сите насоки се во мирување.


Во утврдувањето на структурата на слободните места кои  се финансираат од Буџетот на Република Македонија, Владата особено внимание  посвети на струките кои се дефицитарни на пазарот на трудот во Република Македонија, струки кои според анализите ќе претставуваат занимања кои ќе бидат актуелни и барани во иднина. При изборот на идното занимање најзначајни критериуми треба да бидат расположливите можности за вработување и заработка,како и напредокот во  кариерата и личното задоволство од работата и соработката пишува во образложението на Министерството за образование за бројот на слободни места годинава.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »