речник контакт

Годинава во прва година средно во Велес ќе се запишат 1088 осмоодделенец

Еден клас помалку во однос на лани

Петар Печков

Вкупно 1088 ученици во прва година средно е предвидено да се запишат во четирите средни училишта во Велес наесен. Ова го предивдува предлог планот, кој ќе се најде пред советниците  на Општината, на седница в петок.

Во однос на лани тоа е за 34 ученика помалку, или еден клас помалку. Остануваат досегашните профили на образование во сите четири средни училишта, тука нема промени.

 Во Гимназијата Кочо Рацин ќе се запишат  306 ученици  во  9 паралелки, една на албански и две спортски, ракомет и фудбал.  

Во економска Јовче Тесличков  во 6 паралелки ќе има  204 ученика.

Во Хемиското  Димитрие Чуповски  7 паралелки со 238 ученика, додека во   Коле Неделковски 340 ученика во 10 паралелки.

Не колку години по ред се јавува проблем при уписот во прва година во средните училиште во градот, недоволниот број на пријавени завршени осмоодделенци.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »