речник контакт

Годинава 33 илјади посетители ги гледале претставите на велешки театар (фото)

Најиграна е ,,Тоалет за дами,, со 28 одиграни претстави. Годинава прикажани 158 претстави и 8 премиери

Петар Печков

Годинава што завршува во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, се одиграни 158 претстави кои ги виделе 33 илјади гледачи. Ова се бројктеи со кои пред јавноста излезе театарот, како резиме за 2018-та година.   

Во текот на 2018 година реализирани се вкупно осум  премиерни изведби од кои четири финансиски поддржани од Министерството за култура а четири сопствени.

На сцената на театарот премиерно беа прикажани претставите „Тоалет за дами“, „Кралските копилиња“,„Лисистрата“, „Елешник“,„Сомнително лице“ и  детските  „Златната рипка“,„Заспаниот супер-херој“ и „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“.

Покрај новите премиери, на репертоарот на театарот се изведуваа и претставите „Вдовицата се мажи“, „Синиот портокал“, „Театар љубов моја“„Волшебникот од Оз“ и „Шумата на моето дрво“.

Театарот може да се пофали  што годинава  имал и 20 успешни гостувања во земјава и странство, Јужна Кореја, Романија, Софија, Загреб,Москва фестивалски настапи во земјава, а од Москва со претставата ,,Вдовицата се мажи,, се врати и со награди. Најмногу играна е ,,Тоалет за дами,, со 28 одиграни претстави.  

Годинава велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, имаше голем јубилеј 70 години постоење, но за жал оваа годишнина не беше одбележана.  Неодамна поставениот в.д директор  Александар Ивановски, прашан на прес дали и како ќе го одбележи јубилејот, кратко кажа дека  имал премалку време за ,,достојно да ја одбележи годишнината,, тоа требало да го стори претходниот директор.  

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »