речник контакт

Големите фудбалски ѕвезди кои нема да ги видите на ЕП во Полска и Украина

Кој е Ол-стар тимот составен од играчи кои ова лето немаа спортска среќа - повреди, слаба форма, ненаклонетост на селекторот - па ЕУРО 2012 ќе го поминат дома пред телевизорот.

Петар Печков

Наспроти жестоката конкуренција, Дејан Ловрен во последниот момент влезе во тимот Ол-стар, составен од играчи кои ова лето немаа спортска среќа - повреди, слаба форма, ненаклонетост на комисијата - па ЕУРО 2012 ќе го поминат пред телевизорот. Лајоновиот стопер е опкружен со харизматични фудбалски фаци и со прекалени ветерани од најголемите клубови, а заедно со играчот за врска на Ајакс Сиема де Јонг (23) е најмлад член на големата група.

Повредени ветерани

Томас Соренсен (Стоук сити) е најпознат голман кој неволно го пропушта фудбалското летување во Полска и Украина. 36-годишниот Данец, сопственик на дури 101 настап за националниот тим, мораше местото да го препушти на Каспар Шмеичел, син на легендарниот Петер, поради проблеми со грбот.

- Чувството е лошо да излезеш од ваков натпревар по толку вложена енергија и желба, но сега имам проблем со карлицата и тоа ми е приоритет - прокоментира Соренсен.

Проблеми со голманите може да има и Украина, која остана без проверениот двоец Шовковски - Рубка. Ветеранот на киевскиот Динамо ќе го прескокне турнирот поради повреда на рамото, а Рубка служи казна откако лани падна на тест за допинг. Уште еден реномиран голман привремено ќе биде на годишен одмор - германскиот селектор Јоаким Лоу во финишот на подготовките од пописот го симна Тера Стеген, млад голман на мрежата на Белорусија од Менхенгладбах, зад кој е одлична бундеслигашка сезона.

Славниот Карл Пујол исто така нема да игра на Европското првенство. Сенаторот на Барселона на прагот на „Клуб 100“ во дресот на репрезентацијата го спречи повреда на коленото, поради која мора на операција. Бруталната скршеница на ногата во завршницата на премиерлигашката сезона го елиминираше голманот на Арсенал Басари Сањо од кругот на француските кандидати. Во ова одбрано друштво дефанзивци од голем меѓународен калибар, само играчот на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд не е повреден. Него Рој Ходгсон го прецрта од прагматични причини; селекторот на трите лава, повеќе верува во Џон Тери. На ЕП нема да бидат ни прославените португалски голмани Босингве на Челзи и Рикардо Карвала на Реал Мадрид.

Ништо од Карич

Освен Фердинанд, новиот англиски селектор се откажа и од групата на трофејните играчи. Пауло Шолс во подоцнежни фудбалски години не го доживува како легитимен кандидат, го шкартираше без премногу објаснувања, иако Гери Реднап во текот на кампањата агитираше за играчот на Јунајтед. За Мајкл Карич - шест големи трофејни сезони во Јунајтед - селекторот не најде место ни кога Герет Бери мораше да се повлече од репрезентацијата поради повреда на стомачниот ѕид. Наместо везниот играч на Сити Бари, Хоџсон го повика стоперот Фил Јанг. Англичаните во некои посреќни околности празнината во средина на теренот би ја затвориле со помош на Џек Вилшер, но младиот играч веќе цела година е на маргините (повреда на глуждот) и со крајно нејасни прогнози за следната есен.

Јохан Гуркоф, своевремено обележан како наследник на Зинедин Зидан, на крајот на слабата сезона во Лион ја дочека одлуката на селекторот Лорен Бланк. Додуша, доби прилика да се избори за wild card во тест натпревар со Исланд, но Французите имаа два погодоци минус дури откако Гуркаф го препушти своето место на теренот на Франк Рибери. За разлика од 26 годишниот француски плејмејкер, Сием Де Јонг можеше да се пофали со плодна сезона. Во новата Ајаксова шампионска круна вгради 17 погодоци и одигра значителна улога во Лигата на шампиони, но тоа сепак не беше доволно кога тука се конкуренти со застрашувачки имиња како Ван дер Варт или Снајдер.

А каде е Солдадо?

Напаѓачкиот потенцијал на Шпанците пластично го демонстрираат играчите Фернандо Љоренте и неговиот истоименик Торес, но еднакво добри ќе бидат и напаѓачите за кои немаше место на листата на Висенте дел Боска. Давид Виља златната копачка на минатото Европско првенство и стрелец на 51 погодок и актуелен првак на Европа и светот, не е доволно подготвен по шест месечната пауза поради скршеница на ногата на Светското клупско првенство. Роберто Солдадо (27 голови за Валенсија) и Адриан Лопез (19 во мадридски Атлетико) исто така зад себе имаат одлични голгетерски сезони, но селекторот има поинакви планови, па ни тој убиствен тандем нема да игра во Полска и Украина...

 текстот е преземен од Јутарњи лист - Загреб

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »