речник контакт

Голем број на заболени од грип во Велес

Во февруари регистрирани 875 или три и пол пати повеќе отколку во јануари

Петар Печков

Во февруари месец во Велес во Центарот за јавно здравје биле регистрирани  875 лица заболени од грип. Тоа е голема бројка, споредбено со претходниот месец  јануари кога докторите регистрирале  239  случаи на грип. 

Најголемиот број на заболени се на возраст од 15 до 64 години, додека бројката е многу мала кај претшколската и школската популација како и кај старите лица. Грипот е сезонско заболување кое  најчесто се јавува со доаѓањето и заминувањето на зимата, кај него влијае променливото време, објаснуваат докторите.

Од Центарот за Јавно здравје апелираат до матичините доктори навремено да ги препишуваат дозите на тамифлу лекот, з да се спречат компликациите од болеста. Ова зимо првата жртва до грипот во Македонија беше токму велешанка на 67 годишна возраст, која почина од грипот и компликациите што тој ги предизвика кај неа.  

Граѓаните треба да внимаваат на хигиената на рацете, да не се престојува подолго време во затворена просторија со многу луѓе, да се врши проветрување и добра исхрана со многу  течности, зеленчук, овошје, витамински напитоци – вели епидемиолог  д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје од Велес.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »