речник контакт

Голи и безлични, по улиците на Велес

Нов перформанс овој пат ,,Плас-тик,, на Ханс Харлинг од Либан

Петар Печков

Велешаните кои околу пладне се најдоа по централната улица на градот, беа изненадени  од тричлената група, која костимирана како гола и безлична се движеше низ Велес.  Ова е нов перформанс, овој пат на  Либанецот Ханс Харлинг , што е дел од театарскиот фестивал ,,Импакт,,. Денешниот проект е одговор, реакција на безличноста која ја донесе пластичната операција.

Пораката од овој дизајн, дека фасцинацијата во светот од пластичната операција е голема.  Како резултат на тоа, добиваме единки кои личат еден на друг. Концептот на костимите е тие да го прекриваат целото тело, вклучувајќи ги ликовите, оставајќи ги усните кои се закачени. Така покажувам дека се губат разликите, ограничувањата помеѓу половите и сите личат исти и ора прашањето на полот станува дискутабилно   - рече Халинг.

Тој изработува костими за танчерски групи во Либан, за театарски претстави и е слободен уметник.

Со овој проект тој пролетва учествуваше на Прашкото квадринале а велешани ќе можат да го видат и утре околу пладне. Подоцна в четврток е предвидена нова костимска презентација, насловена ,,Враќање на рајот,, на Лиса Клите од Данска.  Тие се дел од Фестивалот на алтернативен театар ,,Импакт,,.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »