речник контакт

Голманот Гигов во турски Мерсин

Нему друштво ќе му прави младиот леворак бек Ивица Лазаревски

Петар Печков

Голманот Виктор Гигов  во наредната сезона ќе настапува за турски Мерсин. Откако македонскиот интернационалец мината полусезона остави одличен впечаток со добрите одбрани, турците повторно го ангажираа, иако тој имаше понуди да брани и во Израел

. Годинава  со  амбиции за врвен  пласман кој обезбедува излез на евро -сцената, Гигов ќе треба да му помогне на Мерсин  во овие планови.  Гигов има богата меѓународна кариера, бранеше на Исланд, Хрватска, Јужна Кореја, Грција. Во Мерсин е ангажиран и  уште еден велешанец, младиот десен бек Ивица Лазаревски кој иако има 20 години веќе започна со меѓународна кариера.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »