речник контакт

Гори покрај пругата Велес – Гевгелија, кај манастирот Св. Димитрија

Помина товарен воз и огнот се појави веднаш потоа.Железничкиот сообраќај кон Гевгелија во прекин

Петар Печков

 Попладнево околу 18,30 часот веднаш откако помина товарен воз на релацијата Гевгелија – Велес, покрај пругата се појави оган.

Го имаше на неколку локации, едниот во центарот на градот, каде самите граѓани се организираа и со вода, лопати  и кофи го згаснаа. Но затоа огнот кој го има на делот кај Манастирот Св. Димитрија  па до вливот на Бабуна во Вардар, го запре железничкиот сообраќај, кој е во прекин.

На ова релација поради високиот напон на струјата, мора да интервенира противпожарниот воз а присутни се и екипите на противпожарната единица од Велес. На почетокот од летово, на консултативниот состанок во општина Велес, една од задачите која беше дадена на Македонски железници беше да се отстрани сувата трева покрај пругата.

Овие неколку дена четири  пожари  се случија покрај пругите на железницата.

 Попладнево екипит на МЖ инфраструктура ги отстранија дефектите  на инсталациајта од пожарот во Згрополци, па рампите повторно работат.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »