речник контакт

Гостување на комедијата „Ни ваму, ни таму“

Среда, 18-ти Април во 20 часот гостување во велешки театар, комедија од современиот живот.

Петар Печков

Претставата стана хит во Македонија. Се игра во два театри: на големата сцена на МНТ и Народниот театар Охрид.
Досега, за само неколку месеци од премиерата, има 20 изведби!!!

Комедија за нас. Ама поинаква. Како благ мелем на лута рана. Како нашиот, македонски живот. Значи - смеење ама и подзамислување!

Двајца Македонци, едниот иселеник а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде...Овде било вака, таму онака...Расправии - до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот.


АВТОР: Бојан Трифуновски, играа: Љупчо Тодоровски-Упа, Симеон Мони Дамевски, Никола Кумев.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »