речник контакт

Градоначалникот на Чашка заработи кривична, нелегално го впишал домот Чеплес во владение

Полицијата го осомничи Горанчо Пановски дека ја злоупотребил службената должност

Петар Печков

Велешката полиција поднесе кривична пријава против  актуелниот градоначалник  на општина чашка  Горанчо Пановски (44 год) заради злоупотреба на службена должност. Тој повел постапка за легализација на дивоградбата  Планинарски дом Чеплес, и го впишал во сопственост на општината,  иако објектот не бил изграден ниту имал некакви допирни точки со локалната власт, како инвестирот. 

Пријавениот искористувајќи ја својата службена положба во 2011 година во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка, самиот си поднел барање за легализација на диво изграден објект - планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно „Закон за постапување со бесправно изградени објекти“, барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува имателот на објектот, што тој никогаш не бил - изјавија од СВР Велес.  

Според полициајта  градоначалникот Пановски  решавал по барањето постапувајќи спротивно член 6 од „Законот за постапување со бесправно изградените објекти“ каде во содржината на барањето за утврдување правен статус, е предвидено барателот да достави  доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги, кои тој никогаш ги нема платено затоа што не бил ни имател ни корисник на објектот.

Со изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на законот во сила во 2011 година, Пановски  го легализирал објектот, го впишал во катастар на Македонија по што го отуѓил. Со овој чин градоначалникот Панвоски на Планинарско-спортското друштво  ,,Солунска глава ,, му нанел штета од 4 милиони денари. Домот беше впишан во сопственост на Општина Чашка  на  30 април 2013-та година. Подоцна беше продаден за 4 милиони денари, на  купувач кој општината не  го соопшти јавно. ТРМР пишуваше за оваа зделка на впишување и продажба  на домот во сопственост на Општината, по реакциите на Планинарското друштво ,,Солунска глава,,  и Планинарската федерација.  Од општина Чашка овие текстови  беа квалификувани    како ,,невистинити, тенденциозни  и  само штетат на угледот  и авторитетот кој го има   локалната власт,,.  

Планинарското друштво ,,Солунска глава,,  и Планинарската федерација на Македонија за овој објект водат и судски спор пред Управен суд. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »