речник контакт

Градскиот стадион сечиј и ничиј

Без газда, пропаѓа спортскиот објект некогашна гордост на велешани

Петар Печков

Градскиот стадион во Велес пропаѓа поради негрижа на државата. Според катастарот, тој е заведен е  како државен имот, по имотниот лист. Но ниту ЈП за стопанисување со спортски објекти ниту Агенцијата за млади го немаат во нивна сопственост. И од двете институции велат дека   објектот не е во нивно владение.

И додека се најде кој е газдата,стадионот се уништува. Паѓаат потпорните ѕидови, ретката и скапа тартан атлетската патека сега е целосно упропастена. За тоа време на него тренираат, трчаат, спортуваат кој како ќе стигне, без ред. За ова најдобро зборува информацијата од луѓето од Општинскиот фудбалски сојуз.

Се случува кога играме преку викенд, во закажаниот термин, на тревата некој да тренира и да енс ака за ја напушти, по што доцни натпреварот. Екипите до Башино село, од општина чашка имаат свои стадиони, но доаѓаат тука да тренираат. Не знам дали да се чудиме или д плачеме. Видете каков е теренот во Башино село а каков е овој во Велес – велат од ОФС.

За Градскиот стадион  нема кој да се грижи, бидејќи тој  е сечиј и ничиј, го користи  секој кој има потреба, но за него никој не се грижи. Некогашната гордост на велешани, денес е срам и грда слика на градот. На него доаѓаат малкумина, кој се сеќаваат, дека тој бил центар на спортските настани во градот.

Кога играше Борец, не така одамна до 2000-тата имаше по три четири илјади публика. Сега има многу повеќе луѓе на теренот и аптеката, отколку на трибините. Се руинира, пропаѓа а никој ништо не презема. Стадионот го држи и македонскиот рекорд за најголема посетеност на еден ракометен натпревар во земјава, кога на него во далечната 1967 пролетта против Партизан  од Бјеловар Хрватска  на него се собрале околу 12 илјади гледачи.

Теренот е катастрофа, ако паднеме, наместо како на земја, се чувствуваме како да сме паднале на бетон, толку е тврд, како камен е. Згора на тоа во зградата каде се соблекуваме, нема одамна струја и вода. Замислите како ни е по натпревар или тренинг, кога мораме да си заминеме калливи и бербатни. Зимоска кога беше краток денот, се случуваше со светло од мобилните само да се пресоблечеме и да си одиме. Ете таква е состојбата со Градски – вели фудбалер на Борец, кој сега настапува во третата лига. Поблиску е до најнискиот  ранг, општинската отколку од најквалитетното друштво Првата лига.

Просецот на денационализација за овој објект е одамна завршен во 2004-тата, велат неговите наследници. Од  државата добиле скромни 30 денари од квадрат. Ова место пред Втората светска војна се викало Пчеларник, и тука повеќе велешки семејства одгледувале пчели. По војната им било одземено а пред осум години биле обештетени. Велат дека добиле малку, во однос на тоа што вредело земјиштето.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »