речник контакт

Градски стадион го доби името на Зоран Паунов

Време е да ставиме име на современик, кого сме го гледале и сме се воодушевувале и придонел за промоцијата на ФК Борец и на Велес

Петар Печков

Советот на Општина Велес на денешната седница  едногласно одлучи Градскиот стадион да го носи името на фудбалската легенда Зоран Паунов. Десет годишнината од смртта на голманот Паунов, беше повод советниците да одлучат вака. 

Уживаме да живееме во историјата, да ставаме имиња од личности од  минатото. Време е да ставиме име на современик, кого сме го гледале и сме се воодушевувале и придонел за промоцијата на ФК Борец и на Велес, затоа Градски стадион заслужува да го носи името на Зоран Паунов  - рече советникот Ненад Коциќ. 

Градски стадион ,,Зоран Паунов,, од есен ќе биде домаќин на најдобрите македонски фудбалски клубови, по враќањето на ФК Борец 1919 во елитата. Стадионот има капацитет од 2,3 илјади седишта и вештачка трева донација до УЕФА. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »