речник контакт

Грант за бизнис за самохрани мајки од Велес

Фондацијата Елена Лука помага со средства во висина од 100 илјади денари

Петар Печков

Фондацијата Елена Лука објави оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од неколку општини, меѓу нив и  Велес. Избраните кандидатки ќе бидат поддржани со максимален износ од 100.000 денари.

Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени да  се пријават на јавниот оглас. Поддршката  се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки.  Краен рок за аплицирање е 31 март 2016- објаснуваат од Фондацијата. 

Критериуми за аплицирање за добивање на неповратна поддршка во максимален износ од 100.000 денари се: самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;  самохрани мајки со деца на возраст до 26 години и да се  државјани на Република Македонија. За сите прашања или информации за потребните документи за аплицирање на повикот заинтерсираните можат  да се обратат на  Мирјана Трајкова, 070 645 318, 043 224 259, rksozmveles@yahoo.com.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »