речник контакт

Граѓаните можат да бараат во Хигиенски да се испита квалитетот на храната и водата

За девет месеци годинава, има откриено случаи на неисправна храна. Има ресторани, продавници и кафетерии кои се надвор од контрола. Граѓаните можат да бараат да се мери и јачината на звукот од угостителските објекти

Петар Печков

Граѓаните и производителите сакаат и бараат да се контролира стоката во продавниците и рестораните.  Тие често се обраќаат до Центарот за Јавно здравје во Велес, кој е овластен да  го мери квалитетот на храната, водата.  Центарот   регионална установа за  микро -биолошко, физички - хемиско тестирање  на  примероци на вода  и храна 

 Во лабораторијата за санитарна микро -  биологија и санитарна  хемија за 9 месеци извршено анализа на 4.175 примероци на вода  и 434 прироци на површинска и отпадна вода и 1340 испитување на квалитет и безбедност на храна. Има откриено случаи на неисправна храна. Сите тие мостри  се доставени од производители  и потрошувачите од објекти  каде се консумира.  Од  агенција за храна  нема донесено ниту една мостра за испитување на храна иако нашата установа е  акредитирана согласно стандардите  за 29 различни методи на испитување на квалитет на вода и храна  - вели д-р Флорентина Ристоска Шурбевска директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.    

 Таа потенцира дека  со ова  значително е подобрен надзорот на здравствана состојба на населението кое го покрива  Центарот. Значајно е што   нивните услуги ги користат  производители и граѓани од Источниот регион, Штип, Кочани, Струмица.    Шурбевска потсетува дека   граѓанинот им право да донесе примерок на храна, само да биде спакуван не да бие манипулирано со него, во оригинално пакување како што е најден на пазарот.

Ако е по барање за општа безбедност,  тогаш проверката  е на товар на Министерството за здравство.    Директорката  посочи дека има ресторани,  продавници и кафетерии кои се надвор од контрола  и се потенцијална опасност за избивање на заразни заболување и со што постои опасност да  се заразат поголем број велешани. Таа не ги соопшти имињата на овие објекти, како ни на тие каде се најдени неисправни примероци на храна.   

Прашана зошто  во Центарот за јавно здравје во Куманово се мери јачината на звукот а во Велес не, и  каква е состојбата во градот, Шурбевска одговори дека сите Центри немаат  идентична опрема.  Секој има свој развоен план. 

 За жал имавме и ние но сегаа не работи. За да се застане зад некој резултат потребен и кадар и опрема.   Ние како Центар можеме да ги користиме услугите на колегите,    ако има потреба по барање на граѓаните мериме колку е звукот. Тие можат да дојдат и побараат да се мери јачината на звукот, со одреден надомест - рече  д-р Флорентина Ристоска Шурбевска. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »