речник контакт

Граѓанска акција ,,Заслужуваме подобро,

Во неа вклучени се 70 граѓански здруженија. Секој ден до 18-ти декември на плоштад Сармаале, активистите ќе имаат средби со граѓаните

Петар Печков

Во 15 македонски града, денес напладне  започна акцијата ,,Заслужуваме подобро,,. Во Велес таа се одвиваше на Сармаале.  Неа ја спроведуваат  200 граѓански активисти од 70-тина граѓански здруженија.  Во неа активистите преку разговор со граѓаните  ќе зборуваат со нивните секојдневни проблеми.  

Ние веруваме во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните и тргнувајќи од нашите права и потреби бараме  обезбедување подобра живејачка и подобри услови. Ние, граѓаните, имаме право гласно и јавно да зборуваме за подобар живот. Со граѓаните ќе зборуваме за осум теми кои ги оценивме дека се приоритетни   - изјави Александар Стојковски од иницијатива “Заслужуваме подобро“.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »