речник контакт

Граѓанска иницијатива за подобар живот на социјално загрозените семејства

8-ми Септември со трибина пред велешани ги престави измените кои тие ќе ги бараат за ранливите категории граѓани

Петар Печков

Намалувањето на сиромаштијата и достоинствен живот на оваа категорија лица во земјава е целта на граѓанската иницијатива 8-ми септември. Тие преку трибини по градовите на Македонија им се обраќаат на оваа ранлива популација, посочувајќи ги мерките и причините зошто е потребна промена на  Законската регулатива за социјална заштита.

За жал живееме во држава на социјална неправда иако Уставот ни гарантира социјални права.   Македонија ја промаши целта да ја намали сиромаштијата, напротив се зголемува. Имаме повеќе од 30 отсто сиромашни граѓани. Тоа не е веќе маргинална група. Тоа е секој трет граѓанин во земјава е сиромашен има проблем како да го истурка денот, неделата, месецот. Во пракса се покажува дека немаме функционален систем на социјална заштита, бројните социјални примери од медиумите во пракса  го покажуваат тоа. Дел од социјалните случаи живеат со 21 денар дневно по човек, што е помалку отколку во сиромашните земји на Африка. За подобрување на состојбата потребно е Владата да ги смени приоритетите и сиромаштијата да ја стави како приоритет -   рече   Џелал Хоџиќ дел од иницијативата 8-ми Септември.

Тие ќе предложат измени на постојните Закони и предлог мерки за зајакнување на социјалната состојба на социјално загрозените лица. Тука спаѓаат  предлозите Владата да ги преземе долговите за плаќање на сметките за електрична енергија а локалната власт  на обврските за плаќање на сметките за вода и комуналии, како што бил случајот во Куманово и Струмица, ослободување на партиципацијата за здравствени услуги на социјалните случаи, бесплатен јавен превоз за членовите на овие семејства, бесплатно сместување на учениците и студентите кои се од овие фамилии. Хоџиќ потсети дека Македонија е лидер во Европа и поранешните Советски републики според ,,џини,,индексот кој покажува дека е огромна разликата меѓу богатите и сиромашните во земјава.

Овој минимален достоинствен приход кој го бараме за социјално загрозените семејства, не е ништо освен социјална помош,  само што така е именуван во Европа. Сите досегашни Влади во земјава не сторија ништо за сиромашните, ниту имаа храброст да го сменат системот за нивна  заштита . Граѓаните кои се зависни од државата за пари се најлесни за манипулација, за уцена, за гмечење. Ова ние што го бараме и нудиме е по Европски терк, потребна е коренита промена во системот. Потребна е висока социјална помош, од осум до 10 илјади денари а ен како сега од три илјади денари. Вака како што е сега, социјалците ги правиме зависни а истите ги тераме да се бават со сива економија, пред која државата замижува.  Колку пари  државата губи токму од ова. Со правилна распределба од богатите на сиромашните може да се пополни Буџетот за вакви примања на социјалците. Потребна е редистрибуција на средствата од богатиите кон сиромашните.  Кога може да се даваат милиони евра за милениумско тркало и други ставки и споменици, тие пари можат да се доделат за решавање на социјалата   – изјави Мила Царовска  дипломиран социолог.

Иницијативата е поддржана од 88 граѓански здруженија во Македонија, но ниту едно од Велес. Според Државниот завод за статистика во стапката на сиромаштија во 1994-та  била 9 отсто, 2001-та  22,7 и во 2011 е 30,4 отсто.

Според милениумските  развојни цели на државата во 2015-та стапката на сиромаштија треба да биде   9,5 проценти а  Галуп во 2012-та  констатирал дека 42,8 отсто од населението живее во сиромаштија – рече Димче Велев воведничар на трибината.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »