речник контакт

Грев или шприцер во изведба на Гимназијалците

По повод одбележувањето на Патрониот празник на велешката Гиманзија Кочо Рацин, беше изведена адаптацијата на театарската претстава „Грев или Шприцер“ од Сашко Насев.

Петар Печков

Претставата наиде на топол прием кај публиката, особено поради тоа што младите актери  беа исклучително успешни во својата задача. Нивната желба беше на сцената колку што може поуспешно да ги доловат ликовите кои требаше да ја испратат авторовата порака.

Салата беше премала за да ги собере сите оние што сакаа да ја проследат нејзината изведба.Симболичните средства кои учениците ги издвоија за влезница ќе бидат наменети за парична помош на оние ученици  од  Гимназија на кои таа им е неопходна.Со тоа уште еднаш ја покажаа хуманоста и докажаа дека во оваа образовна институција учат и работат хумани луѓе.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »