речник контакт

Грижата за стари лица во домашни услови, продолжува

Наместо Црвениот крст, сега тоа го презема локалната власт

Петар Печков

Пензионираната велешката библиотекарка Зорица Лукарева и натаму има кој да ја посети, да и помогне кога треба, за секојдневните работи.   Таа има проблеми со видот и две години беше корисник на услугите на општинскиот Црвен крст, преку проектот за нега на стари изнемоштени  лица во домашни услови.  Сега тој  продолжува во  наредниот период преку Општина Велес.   

Претходно оваа акција беше на Црвен крст и сега е добро што продолжи. Бев многу задоволна. Многу ми помага,  гостите зачистуваат дома, купуваат што треба,. Сам човек е многу тешко, нема со кого да муабетам, да кажам што ми треба – вели Лукарева.

Таа е една до триесетината старо - нови корисници  на проектот нега на стари лица.  Деновиве тој  започна но преку нов домаќин,  Општина Велес која ќе се  грижа за старите лица во домашни услови.  Тој е продолжение на проектот на Општинскиот црвен крст, кој неодамна згасна, по две годишна работа, откако мина периодот во кој беше финансиран од Австриски Црвен крст.

По ова деновиве го презеде локалната самоуправа на Општина Велес. Тие за почеток презедоа 30-тина лица, на кои секојдневно ќе им помагаат во неопходните секојдневни домашни работи.   За таа цел создадена е екипа од две медицински сестри, шест негувателки и еден физиотерапевт кој  ги посетуваат старите лица во нивните домови.

Ова е продолжение на проектот на Црвен крст, сметаме дека треба да има континуитет, оти има потреба. Тоа се докажа во пракса. На истите лица продолжуваме да им даваме помош, оти   претходно даваше добри резултати  Има триесетина сограѓани кои се опфатени со проектот а тој може да прими 60 кандидати. Истиот е спроведен во соработка  со Центарот за социјални работи, кој ги одредува лицата на кој им е потребна помош. На десет корисници има една медицинска сестра, посетата трае еден час. Проектот трае три месеци а може да продолжи натаму, во зависност од реакциите на корисниците.  Тој се однесува на стари лица, напуштени, неподвижни кои не можат да си помагаат,  – изјави Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес. 

Волонтерите кои добиваат надомест од локалната власт, им ги купуваат потребните работи, храна, лекови, плаќаат сметки, неподвижните  имаат физиотерапевт а негувателките  се грижат за живеалиштата каде живеат старите лица.  На овој начин им се олеснува животот на немоќните стари лица надвор  од нивните четири ѕида.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »