речник контакт

Грипот зема замав

Ако во првите два емсеци до годинав во Велес имало 6 заболени, во март има 66

Петар Печков

Според најновите податоци на ЈЗУ Центaр за јавно здравје во Велес неделава е зголемен бројот на  66 заболени од грип, информира епидемиологот д-р Билјана Трајкова.

Најголемиот дел од болните се возрасни, иако на болеста подлежат и најмалите, децата. Во изминатиот период имало по петнаесетина новозаболени од сезонски грип.

Инаку, во изминатите два месеци од годинава беа регистрирани минимално шест лица болни од грип, а од кои двајца во јануари и четворица во февруари.

 Состојбата сепак, не е алармантна споредено со овој период лани кога беа евидентирани дури 5.000 лица заболени од сезонски грип, потсетува Трајкова.

Епидемиологот Трајкова за да се спречи ширење на сезонскиот грип ги советува граѓаните да внимаваат на својата исхрана со која ќе го зајакнат својот инунитет. Таа им препорачува да пијат што повеќе течности, да имаат добра исхрана со витамини односно со консумирање повеќе овошје и зеленчук со што превентивно ќе делуваат во избегнување на сезонскиот грип.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »