речник контакт

Грипот стивнува

Првата седмица на март регистрирани 88 случаи

Петар Печков

Бројот на заболени од грип рапидно опадна. Според податоците кои лекарите од примарното здравство ги испраќаат до Центарот за Јавно здравје Велес, во првата седмица на март од 29 февруари до 6-ти март во Велес биле регистрирани 88 случаи.

Тоа е далеку од бројката од 289 пациенти од последната недела во февруари. Бројките покажуваат дека во месец февруари во Велес имало 1.460 заболени од грип, што е драстично повеќе од јануари  кога  биле регистрирани 27 заболени од грип.

Епидемиолозите објаснуваат дека грипот е сезонска болест карактеристична за овој период  од годината и  очекувано е  опаѓање на бројот на заболени. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »