речник контакт

Грозјето суво и необрано, патиштата проодни

Вообичаената гужва и фрекфенција на тешки моторни возила на излезот од градот кон Штип, кои превезуват грозје, есенва ја нема.

Петар Печков

Нема ниту застој, ниту коловоз полеан со шира, ниту камиони кои се шлепуваат поради неможноста да се искачат на оваа нагорнина  од магистралниот пат во правец кон Штип. Ако изминатите години ЈП Македонија Пат мораше деноноќно да интервенира како и во зима, така  и во овој период со  посипување на ризла или перење на патот, годинава таква грижа немаат.

Евидентно е дека годинава нема таква фрекфенција на камиони или трактори товарени со грозје. Нашите информации од екипите на терен покажуваат дека сообраќајот на товарни возила не е така густ и ги нема превозните средства кои оваа култура ја превезуваа во Џумајлија, во Штип или Велес. Ние како Македонија пат сме подготвени да ги исчистиме патот од ширата, но годинава работа немаме – велат од ЈП Македонија пат.

Велешките лозари велат дека причина за слабата сообраќајна фрекфенција на товарни возила со обрано грозјето е откупот и  бидејќи тоа е суво,  па ширата не тече по патиштата.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »