речник контакт

Група од шестмина велешани фалсификувала денари

Фалц парите биле од 100 денари и ги работеле на компјутер

Петар Печков

СВР Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата         Ц.Н. (19),  Б.А. (19) , П.С. (22) , Н.У. (19) , И.Т. (18) и Д.О. (18) сите од Велес, поради основи за сомневање дека сториле кривични дела „Фалсификување на пари“ .

 Во  патнички автомобил марка Сеат Ибица со велешки регистерски ознаки сопственост на В.Н. , во кој се наоѓале и пријавените Б.А.  и И.Т. при прегледот  во паричник полицијата пронашла  две фалсификувани банкноти од 100 евра, во ташниче пронајдени се 18 фалсификувани банкноти од 100 денари, пронајдена е кеса во која имало отпечатени вкупно 34 банкноти од 100 денари на хартија А4 формат и четири фалсификувани банкноти од 500 денари. Во автомобилот најдени се  и ножици и најлонско кесе во кое имало едно скршено јајце за кое подоцна е утврдено дека им служело за премачкување на фалсификуваните банкноти со цел да го добијат вистинскиот изглед.

Осочмничените пред  полицијата признале дека пред извесен период од лице од село Арачиново купиле фалсификувани 400 евра за кои платиле 120 евра, кои подоцна ги пуштале во отпек. Пријавените лажни банкноти од 100 денари  ги изработувале на компјутерот на Ц.Н. Денарите  ги пуштале во оптек во продавници, ресторанти и киосци низ градот, како и градскиот пазар, купувајќи производи по минимална цена и добивајќи остаток.

По извршен  претрес во домовите на Ц.Н. и Д.О. пронајдени се листови хартија  со отпечатени банкноти од 100 и 500 денари и кертриџ со боја користена за печање. Одземените фалсификувани банкноти се испратени на експертиза во Народна банка на РМ од каде потврдено е дека се фалсификувани.  На пријавените Ц.Н. , Н.У. и Д.О. претходно  им се изрекувани мерки од социјален орган- засилен надзор од родител- старател.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »