речник контакт

Групна крштевка на 80 православни

Повардарската епархија по втор пат организираше групно крштевање, кое се случи во водите на реката Бабуна.

Петар Печков

Повардарската епархија по втор пат организираше групно крштевање, кое се случи во водите на реката Бабуна. Чинот на светата тајна - крштение го изврши Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел во сослужение со свештеници од велешкото намесништво. На овој чин, кој беше бесплатен, беа крстени 80 лица на различна возраст од мали деца на 2 годишна возраст до лица над 70 години.

- Убаво е што толку многу наши браќа и сестри, кои од разни причини, не можеа да ја примат Светата тајна крштение, дојдоа тоа да го сторат денес, заеднички. Тие денес станаа членови на нашата света православна вера, на Македонската православна црква. Се надевам дека догодина ќе има  уште повеќе луѓе - изјави владиката Агатангел.

Според него бројката во однос на ланската е зголемена од 30 на 80 што се должи на раскинувањето на стегите и срамувањето да се присуствува на овој чин. на него освен од Велес имаше и лица од Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Скопје. За сите нив Повардарската Епархија обезбеди бесплатен ручек.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »