речник контакт

Грци излетале од автопат кај Градско

Среќа, автомобилот уништен тие со лесни повреди

Петар Печков

 Претпладнево во   9 часot на делницата од автопатот  А-1- Велес- Градско на 2,8км. пред наплатната станица се случиla   сообраќајна несреќа.

При ова патничкиот автомобил марка БМВ со германски регистарски ознаки управуван од 58-годишен грчки државјанин изгубил контрола и излетал надвор од коловозот на земјена површина по што неколку пати се превртел и удрил во металната еластична ограда.

Возачот и двајцата сопатници- исто така грчки државјани се здобиле со телесни повреди и истите  се пренесени во Медицински центар Велес заради укажување лекарска помош.   Од Болница информираа дека двајцата патници биле полесно повредени и се пуштени дома, додека третиот воопшто и не бил донесен кај нив на интервенција поради тоа што не бил повреден.

По целосно документирање на настанот, возачот по итна постапка ќе биде изведен пред Основен суд Велес.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »