речник контакт

Гужвата од Железничката се префрли на Автобуската станица

Тоа посебно се чувствува во недела во попладневните и во понеделник во утринските и претпладневни часови. Тогаш е вистинска добивна комбинација и среќа да се најде место во автобус до Скопје.

Петар Печков

         Гужвата од Железничката станица  во Велес се префрли на Автобуската станица. Тоа посебно се чувствува во  недела во попладневните и во понеделник во утринските и претпладневни часови. Тогаш е вистинска добивна комбинација и среќа да се најде место во автобусот кој патниците ќе ги превезе до главниот град, Скопје.  Така е последните два месеци, во ударниот термин недела од 16 до 20 часот и понеделник од 6 до 10 часот. Вработени, студенти, ученици се наоѓаа во ситуација да  не можат да отпатуваат на работното место, на факултет или училиште.

Се случува да чекаме и по два часа и пак да не стигнеме до Скопје. Автобусите се преполни и може да се качат само по еден или двајца патници. Чекаме автобуси, но место нема. Во овој период полни се и т.н. диви таксисти. Добивна комбинација е да се стигне до Скопје. Гужвите од железничката станица сега се секојдневие на почетокот од работната седмица на Автобуската. Ваквата состојба е последните два месеци – вели Ѓоре Илиев,  вработен кој патува  до Скопје работно секојдневно. Т

ој ваквата мака ја дели со повеќе стотина негови сограѓани, сите корисници на автобускиот превоз. Од автобуската станица потврдуваат дека овој период имаат зголемен број патници, поради што во одредени периоди за сите нема место да стигнат  до посакуваната цел. Ако претходно секојдневно во воз патува по илјада велешани, бројката на тие што патуваат со автобус е  на половината, петстотини.

Работа во Велес нема и дел од нашите сограѓани егзистенција обезбедуваат во Скопје. Пола град ни работи таму, тоа е факт.  Постојните  автобуските линии  се потврдени од  Министерството за транспорт и врски  и тоа е можноста и изборот за патување. Се случува последниот период да нема место во шпицот во понеделник наутро и недела попладне. Автобусите се полни, дали доаѓаат  од Битола, дали од југ  или истокот, иста е состојбата, или нема место или само по едно, две. Патниците се револтирани, има гужва. Дали ова е последица на покачувањето на цената на железничкиот превоз, дали поради честите контроли на дивите таксисти, но факт е дека има поголем број патници – велат од велешката автобуска станица.

Во работен ден  наутро од Велес за Скопје има 13 автобуси а недела попладне 15, кои ни оддалеку не можат да ги примат потенцијалните патници и затоа се јавуваат овие гужви. Дел од поранешните патници со воз, сега поради цената се префрлиле да се возат со автобус.

Автобускиот превоз е многу побрз, почист, точен и поудобен. Разликата во цената на билетите сега е помала, поради што можам да си дозволам да патувам со автобус. Претходно патував со воз, сега се преориентирав на ова превозно средство – објаснува Мирјана Стојанова, студентка која е често на релацијата Велес – Скопје и назад.

Од Железничката станица во Велес информираа дека бројот на месечните билети е непроменет  околу шестотини, во однос  пред покачувањето на цената. Но затоа пак е намелен бројот на патници за околу дваесет отсто во однос пред покачувањето. Тие сега се возат со автобус, поради што се јавуваат и гужви во т.н. шпицови.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »