речник контакт

Дали градските власти ќе ги обноват оштетените споменици

Советот на општина Велес ќе одлучува дали со локални средства ќе се обноват спомен обележјетa кои изминатите години беа осквернавени, меѓу кои е и надгорбната плоча на 53-цата стрелани велешани во 1945-тата година.

Петар Печков

Советот на општина Велес ќе одлучува дали  со локални средства ќе се обноват спомен обележјетa кои изминатите години беа осквернавени, меѓу кои е и надгорбната плоча на 53-цата стрелани велешани во 1945-тата година. Таа пролетва беше искршенa од непознати сторители, по што фамилиите на стреланите испратиле писмо до локалната власт со кое бараат тие да го обноват. Градоначалникот на Велес најавува дека одлука за ова ќе треба да донесе Советот на општината.

- Треба да се видат можностите за санирање или потрајно решение за овој споменик. Ќе инсистирам пред членовите на Советот да го решиме овој проблем, бидејќи така ќе покажеме дека ги осудуваме вандализмот од било кого. Ако треба и да го изнесеме споменикот од дворот на црквата и го поставиме на друга локација – изјави Горан Петров градоначалник на Велес. Правници пак иако сметаат дека обновата на споменикот е морална обврска ја поставуваат дилемата, како ќе се обнови приватен споменик изграден од фамилиите на стреланите, кој не е регистриран како спомен обележје.

\"\"

Од друга страна пак велешките борци потсетуваат дека тие подолго време чекаат општината позитивно да одговори на нивното барање  и одобри средства за леење и поставување на неколку спомен бисти на партизани - револуционери, кои пред шест години завршија во Вардар и досега не се пронајдени. За градоначалникот Петров овие сквернавења на спомениците, вклучувајќи ги и унишувањето на бистите, зборуваат за  примитивизмот кај некои сограѓани и општината мора да биде вклучена во санирање на  сите овие негативни последици.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »