речник контакт

Дамјанов, мајсторот по делата се познава,

Што ни остави Андреја Дамјанов во аманет, неговите позначајни дела

Петар Печков

Позначаните  на  Дамјанов објаснуваат дека тој ни оставил 40 цркви на територијата на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Се верува дека  градел и во Бугарија и  Грција, но нема докази за ова и треба да се истражи. Дел од неговите дела се црквите во Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Ниш, Сараево, Мостар. 

За најубава и неповторлива градба  на Дамјанов се смета соборниот храм „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка како и на црквите „Св. Богородица“ во Штип, Свети Никола   Куманово и Св. Архангел Михаил во Чичево, велешко, како и многу помали цркви во земјава.

Во Србија ги изградил црквите  „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква  Св. Тројца во Ниш како  и соборната црква Св. Богородица  во Сараево. Тој ја завршува и градбата на црквата во Мостар. Оваа во Мостар е разурната во војната од 1991-та и  во тек е нејзината обнова која тешко оди а изгоре и дел од црквата во Ниш во пожар во 2001-та година. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »