речник контакт

Да се искористат обновливите извори на енергија во велешко

Прифатена иницијативата за проектот СОНЧЕВ РИД со кој на ридот Гроот, би се инсталирале сончеви фотоволтаични панели, на тој начин Велес да се напојува со електрична енергија

Петар Печков

На денешната прес конференција советничката група на СДСМ  во општинскиот Совет, информираше дека поднела предлог иницијатива за градење Стратегија за користење на обновливите извори на енергија на територијата на општина Велес. Истата била едногласно прифатена. 

Велес, кaко и останатите општини во државата, има над 300 сончеви денови годишно, но го има и она што го немаат другите градови - ридот Гроот, кој по својата местоположба е идеално поставен за инсталирање сончеви  фотоволтаични панели, со кои може да се напојува со електрична енергија целиот град Велес и поради ко,ј проектот го нарековме  СОНЧЕВ РИД. 

Ова би бил најголемиот проект на територијата на Велес после 30-тите години на минатиот век, кога е електрифициран Велес и со инсталација на фотонапонски панели на ридот Гроот би можело да се обезбеди електрична енергија за сите училишта, градинки, енергија за јавното осветлување, како и  другите институции во градот.

Стратегијата  би требало да и даде на општина Велес целосна насока за тоа, кои извори на енергија се најдостапни, како да се користат, како и економска анализа на инвестицијата, која очекуваме да се врати за 3-5 годни, а  бенефот ќе биде  за многу идни генерации.

Сите знаеме дека идејата е одлична, но за нејзина реализација се потребни средства, кои како и за многу други проекти, многу често, ги надминуваат можностите, кои ги пружа буџетот на Општина Велес. 

Со право очекуваме, поддршка од фондовите на Европската Унија, затоа што обновливите извори на енергија се иднината, како за Македонија, така и за современа Европа - рече Ненад Коциќ.  Тој затоа ги повика граѓаните да излезат на претстојниот референдум на 30-ти септември и гласаат за ЕУ и НАТО. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »